Бајден ги носи кутиите со доверливи документи насекаде, рече Трамп и за обвинителот кажа дека е психопат

 

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп објави фотографија од обвинителот Џек Смит на својата социјална мрежа „Вистина“, додека ги читаше обвинувањата против него и напиша дека обвинителот е „хејтер на Трамп“ и „вознемирен психопат“.

Во следното соопштение, Трамп потсети дека актуелниот американски претседател Џозеф Бајден, исто така, извадил кутии со доверливи документи од Белата куќа, но дека поради тоа не се соочува со кривично гонење.

„Бајден ги носи кутиите насекаде. Зошто пореметениот Џек Смит не го провери тоа?“, напиша Трамп.

Специјалниот обвинител Џек Смит денеска изјави дека ќе бара брзо судење за случајот.

Во обвинението против Трамп се наведува дека американските воени тајни и докуемнтите за нуклеарната програма, поранешниот претседател ги чувал во бањата.

10.06.2023 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега