Борис Џонсон поднесе оставка од функцијата пратеник

 

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон поднесе оставка од функцијата пратеник во парламентот, која стапува во сила веднаш.

Џонсон се бореше за својата политичка иднина со парламентарна истрага за тоа дали го довел во заблуда Долниот дом кога кажа дека биле почитувани сите правила воведени поради Ковид-19.

„Многу е тажно што го напуштам Парламентот – барем засега“, рече Џонсон во изјавата.

„Ме избркаа мал број луѓе, без никакви докази за поткрепување на нивните тврдења и без одобрение дури и од членовите на Конзервативната партија, а камоли од поширокото гласачко тело“, рече Џонсон.

Комитетот за привилегии на британскиот парламент истражуваше дали Џонсон намерно ги завел пратениците во изјавите што ги даде во Долниот дом во декември 2021 година за забавите што се одржуваа во Даунинг Стрит за време на карантинот.

Во неговиот доказ од 52 страници, предаден на комисијата во март, Џонсон призна дека го довел парламентот во заблуда, но негираше дека го сторил тоа намерно. Тој призна дека социјалното дистанцирање не било „совршено“ на собирите на Даунинг стрит за време на ковидот.

Но, тој рече дека станувало збор за суштински работни настани за кои тврдеше дека се дозволени. Тој инсистираше на тоа дека упатствата – како што тој ги разбира – биле следени во текот на целиот период.

10.06.2023 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега