Пендиков се врати во Охрид, ќе сведочи

 

 

Секретарот на згаснатиот бугарски клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков утрово се појави во Охрид за да даде изјава пред истражителите за тепањето, пишува БГНЕС.

Ова е прво враќање на Пендиков во родниот град по лекувањето во Софија.

Еден од напаѓачите, Илија Спасески рече дека го разбира обвинението, но не се чувствува виновен, а неговите адвокати велат дека ќе докажат дека инцидентот не се случил поради етничка омраза.

Пендиков неодамна доби бугарски документи и стана бугарски државјанин.

30.05.2023 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега