Жерновски се закани: Почнувам да рушам споменици од Скопје 2014
Петнаесет споменици на Мостот на цивилизациите се поставени незаконски. Ова во изјава за Ал Џезира го тврди градоначлникот на центар, Андреј Жерновски, повикувајќи се на комисија кој ја составил во општината со мандат, да провери, колку споменици се поставени надвор од процедурите.
„Ќе мора да се отстрани сè што е незаконски поставено во општина Центар. Нема да ги третирам спомениците како нешто посебно. Само ако работиме принципиелно можеме да ја избегнеме замката и кукавичкото јајце што власта сака да го снесе во општината - вели Жерновски.
Жерновски се уште молчи за споменикот на Тито во центарот на Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа