Доаѓаат празници: 23 мај неработен за Власите, 24 мај за сите граѓани
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 23 мај - Националниот ден на Власите е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија.
Од МТСП информираат дека 24 мај - Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ е неработен за сите граѓани на Република Северна Македонија.
19.05.2023 - 18:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа