(Видео) Нови снимки од дивеењето на студентите во Охрид: Вадат лустери и пијат од нив, фрлаат прозорци

 

 

На социјалните мрежи продолжуваат да се шират видеа од дивеењето на студентите на 12 кинезиолошки факултети од Хрватска и регионот. Сите учествуваа во Охрид на, како што велат, традиционалниот собир на студентите „Дифовијада“.

Лустери наместо чаши, фрлање прозорци низ прозорец – сето тоа може да се види на новите снимки, пишува хрватскиот портал„24сата.хр“.

„Тоа беше вистинска руина. Сите дојдовме да се опуштиме, а некои претераа малку, како што можете да видите. Да не зборуваме како снимаа се’ и уште се фалеа со тоа на мрежите“ изјави  за весникот студент кој учествувал на „Дифовијадата“.

Од хотелот „Десарет“ каде што се случило демолирањето претходно кажаа дека се многу изненадени.

„Имаме големи групи студенти кои доаѓаат да се дружат овде. Никогаш до сега немало проблем“, изјави претходно хотелскиот менаџер.

Претседателот на Сојузот на студенти на Хрватска за уништениот хотел во Охрид изјавил: „Пожарот е предизвикан од инсталациите“.

17.05.2023 - 23:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега