Ковачевски на Генералната дебата на Самитот во Рејкјавик: Европа треба да остане обединета
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска говореше на Генералната дебата на Самитот на Совет на Европа што се одржува во Рејкјавик, Исланд.
„Се собравме во Рејкјавик за да покажеме единство, солидарност и посветеност на нашите заеднички вредности во областите на демократијата, човековите права и владеењето на правото соочени со досега невидена агресија против нашата земја-членка - Украина. Руската агресија против Украина е очигледно кршење на меѓународното право и меѓународниот поредок заснован на правила, што ги разниша нашите постојни мултилатерални структури.
Ние сè уште сме уверени дека мултилатерализмот е единствениот начин да се мобилизира колективен одговор на војните, кризите, вонредните состојби и предизвиците од различна природа.
Украина само сакаше да ги избере својот иден пат и сојузници. И ние го направивме истото кога ја покажавме нашата непоколеблива солидарност и брзо ја исфрливме Руската Федерација од Советот на Европа. Бевме и сè уште сме обединети во барањето одговорност за извршените злосторства. Почнавме да размислуваме и за тоа што правиме добро во Стразбур и каде можеме да се подобриме“, изјави Ковачевски.
„Денес повеќе од кога било важно е Европа да остане обединета, а Европа нема да биде обединета, целосна, слободна и мирна без Балканот целосно интегриран во европското семејство. Северна Македонија и Албанија заслужуваат да одат напред заедно, затоа што ако напредува соседот на едниот, напредува и другиот. Не треба да оставиме простор за влијание од трети страни, особено од Русија, а најмалку во срцето на Балканот, што е срце на Европа“, додаде Ковачевски во своето обраќање.
17.05.2023 - 14:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа