Тик-Токерoт анестезиолог доби затвор од 15 месеци – пред Судот призна вина
15 месеци затвор за анестезиологот од Тетовската болница кој кој со својот мобилен телефон снимаше пациентки од одделот на Гинекологија, каде се прекинува бременоста, и видеото го објави на социјалната мрежа Тик Ток. До правосилноста на пресудата ќе биде во домашен притвор. Пред судот, тој денеска призна вина и се извини за своето однесување.
Скандалот се случи на 14 април, а следниот ден анестезиологот беше разрешен од работното место, по што и Лекарската Комора му ја одзеде лиценцата за работа. Обвинителството му одреди осумдневен притвор и поднесе обвинение за две кривични дела: несовесно вршење на своите овластувања и тешко повредување на правата на пациентите.
Подоцна беше откриено и дека во два наврати не му била нострифицирана специјализацијата за анестезиолог. Во тетовската болница потврдија дека лекарот имал и други сериозни прекршоци на работното место, но бидејќи немало формирана дисциплинска комисија не биле преземени никакви постапки против него.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа