Студенти добија обука како да станат земјоделци и со бесплатни бизнис планови да дојдат до европски пари

 

Во рамките на проектот „Европски млад земјоделец“ денес  C. R. E. A. M. – Алијансата Македонија направи обука како студентите кои имаат земјоделска бизнис идеја да дојдат до бесплатен бизнис план со кој понатаму може да аплицираат во европски фондови. Зоран Лазаревски, претседател на C. R. E. A. M. – Алијансата Македонија им ги претстави алатките од веб-платформата која е дел од веб-страницата на Министерството за земјоделство преку која можат бесплатно да направат бизнис план и да го подготват место да плаќаат илјадници евра за консултантски услуги.

„Платформата им е достапна на сите потенцијални млади земјоделци бесплатно и достапна е во цела Европска Унија, во нашата држава како и во регионот. Нуди можност младите земјоделци да добијат во еден дел потребни информации за земјоделството, но и бизнис план за секој што има идеја“, рече претседателот Лазаревски.

Колку е битно младите земјоделци на почеток да ги согледаат сите ризици на почетокот од реализацијата на идеите како и сите можности што ги имаат, зборуваше Ивана Јанеска-Стаменковска, продеканка на Факултетот за земјоделски науки и храна, која ја отвори работилницата. Меѓу предавачите беа Никица Бачовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Љубиша Стефановски, експерт за индустриска и интелектуална сопственост како и Горан Ангелов, поранешен  претседател на ЗЕЛС.

„Европски млад земјоделец“ е проект поддржан од Европската комисија.

16.05.2023 - 23:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега