Предупредувачки протест за повисоки плати на вработените во УЈП
Вработените во Управата за јавни приходи (УЈП) и во регионалните канцеларии на УЈП денеска излегоаа на предупредувачки протест од 10.00 до 11.30 часот. Претседателот на синдикалната организација во регионалната подружница на УЈП-Штип од синдикатот „Солидарност“, Сашко Велковски вели дека протестот е за повисока плата согласно Колективниот договор. Вработените во УЈП бараат повисоки плати за 30%.
Овој прекин на работа е само еден жолт картон на раководството во Министерството за финансии и покрај тоа што преговорите што ги имавме во изминатиот период никако да ни ги одобрат нашите барања што ни следуваат согласно Закон, вели Велковски.
Посочува дека трошоците за живот континуирано растат, а платите на вработените во УЈП се исти со години. Доколку нема зголемување на платите на вработените во УЈП, синдикатот и вработените се подготвени и за порадикални чекори, односно ќе продолжат со протести и генерален штрајк.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа