Намален откупот и продажбата на земјоделски производи

 

Во првото тримесечје од 2023 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 3 136 295 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година се намалени за 35.3 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 58.7 %, додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано зголемување за 21.0 %.

Значително намалување е забележано кај полјоделството, рибата и другите производи, а кај останатите производи е забележано зголемување.

 

16.05.2023 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега