Петровска: Утре подготвително рочиште за судскиот спор кој го иницирав против Ковачки за искажаните невистини кон мене
Утре со почеток во 10:40 часот во Основен суд 1 ќе се одржи подготвителното рочиште за судскиот спор кој го иницирав против искажаните невистини на Драган Ковачки кон мене, пишува министерката за одбрана Славјанка Петровска на социјалната мрежа ФБ.
„Како што ветив ќе побарам судењето да биде транспарентно и јавно, а сите лаги кои Ковачки ги измисли против мене во изминатиот период, ќе бидат разобличени“, се додава во нејзината објава на социјалните мрежи.
15.05.2023 - 19:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа