Боцевски: Се бориме за предно место во автобусот кој никаде не се движи – ЕУ нема консензус за проширување

 

Се бориме за предно место во автобусот кој никаде не се движи, вели за #Детектор поранешниот амбасадор Ивица Боцевски објаснувајќи дека интегративниот процес со години е закочен бидејќи земјите членки на ЕУ меѓу себе не се договориле што ќе прават со земјите од западен Балкан.
„Во моментов сите релевантни аналитичари на европско ниво го опишуваат процесот на проширување како борба за предно место во автобус на кој што му се извадени тркалата и кој што не оди никаде, бидејќи процесот не оди никаде. Црна Гора преговара од 2013, каде е, никаде. Србија преговара исто така, каде е – никаде. – вели Боцевски за Детектор.
Во вакви услови, тој прашува зошто Владата брза.


„Во моментов имаме борба за тоа кој да биде на предно седиште во автобус кој никаде не се движи затоа што на европско ниво нема донесено конечен заклучок што ќе се прави со земјите од западен Балкан односно дали проширувањето ќе продолжи. Во такви услови никому не му беше јасно и рационално брзањето. Сега се бара консензус, нели ќе беше поразумно да се бара консензус кога се правеа преговарачките тимови за со ЕУ и со Бугарија па партиите да предложат свои претставници па сите заедно консензуално да одлучат дали е нешто прифатливо или неприфатливо па да се придвижиме без проблеми“ – вели Боцевски

14.05.2023 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега