Детектор: Граѓаните немаат доволно информации за преговарачката рамка

 

Близу две третини од граѓаните велат дека имаат доволно информации за францускиот предлог, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.


Според него,  59,1% од анкетираните додека една третина или 33,9% рекле дека немаат доволно информации за преговарачката рамка.

Македонците се подобро информирани од Албанците. 66,2% од етничките Македонци рекле дека имаат доволно информации за францускиот предлог со кој се тргна бугарското вето, додека 44,5% етнички Албанци велат дека не се доволно информирани.

На близу половина од граѓаните воопшто не им е позната разликата меѓу францускиот предлог и преговарачката рамка. Ваков став имаат 49,6% од анкетираните додека 31,1% рекле дека ја знаат разликата.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници.

14.05.2023 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега