Фрчат кривични во македонското Министерство за земјоделство
Струмичкта полиција поднесе кривична пријава против В.С.(29), И.А.(39), Б.Ј.(34), Б.Р. (32) и Ѓ.П.(59), членови на Комисијата за спроведување на постапка за доделување на земјоделско земјиште во државна сопственост во закуп при Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавените, во текот на 2012 година спротивно на Законот за земјоделско земјиште и Правилникот за избор на најповолен понудувач на земјоделско земјиште каде е предвидено дека понудувачот треба да достави соодветен доказ за материјално-техничка опременост, донеле одлука за избор на најповолна понуда, при што им овозможиле на три правни и 13 физички лица да се стекнат со право на закуп на земјоделско земјиште
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа