Груби: Ниту Мицкоски, ниту свети Мицко нема да го сопре проектот, граѓаните да се качат на возот за Брисел
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи со заедниците Артан Груби, во обраќање на поставување за изградба на коридорот 10Д, кажа дека никој нема да го сопре овој проект.
„Ниту Мицкоски, ниту свети Мицко нема да го сопре градењето на овој проект“, рече Груби.
Тој кажа дека она што се случува во Собранието мора да сопре, и дека на блокадите ќе им дојде крајот. Груби им порача на граѓаните дека и следната влада ќе биде истата како оваа.
„Следната влада, а таа ќе биде истата како оваа, ќе продолжи да го гради овој проект. Им порачувам на граѓаните да се качат на возот за Брисел, кој никој нема да може да го сопре“, рече Груби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа