(ФОТО) Во знак на протест: Вработените во Филхармонија со жолти ленти на концертите

 

На синоќешниот концерт насловен „ФИЛИЗ“, но и на концертите кои ќе следуваат, вработените во Македонската филхармонија ќе носат жолти ленти, во знак на протест поради нетранспарентната и штетна одлука која ја донесе Министерството за култура, новоформираниот Национален џез-оркестар институционално да се смести во зградата на Филхармонија.

Пред почетокот на концертот, пред публиката се обрати Ана Кондратенко, концерт мајстор во оркестарот, а истата порака на англиски јазик ја прочита и диригентот Џорџ Џексон од Англија.

„Нашата борба да си го зачуваме просторот за работа нема да запре се додека не се промени одлуката за просторно сместување на уште една институција во објектот кој наменски е изграден за да ги задоволи потребите на вработените во Македонската филхармонија. Гордо сме исправени пред предизвикот, ќе истраеме во нашата борба!  Тоа и го должиме на публиката, на нашите колеги кои никогаш немаа можност да отсвират ниту еден тон во новата сала, но и на сегашните и идните генерации кои ќе бидат дел од овој оркестар кој следната година прославува 80 години од формирањето!

Музиката е единствена вистина за Нас, таа е наша животна определба, а оваа сала е наш ‘втор дом’!“, гласеше пораката испратени до сите присутни на синоќешниот концерт.

12.05.2023 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега