Ова се Бугарите на кои полицијата не им дозволи влез во Македонија
Петмина бугарски државјани денеска беа вратени до граничниот премин Ново Село. Меѓу нив е Милен Врабевски и европратеникот Андреј Ковачев. Како што дознава Прес24, останатите тројца се извесни Венцислав Цачев, Ивајло Иванов и Ивајло Колев.
Тие добиле решение дека се прогласени за непожелни во Македонија, односно за персона-нон-грата.
Овие петмина бугарски државјани се сметаат за закана за јавниот поредок, националната безбедност и меѓународните односи на Македонија.
Инаку, неколкумина Бугарија вакво решение добија уште во февруари кога Македонија го славеше роденденот на херојот, Гоце Делчев. Но тогаш МНР соопшти дека решенијата се времени, само за периодот кога траеше прославата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа