На градилиштето на Лимак континуирано се почитуваат сите мерки за заштита на работниците

 

Загубата на нашиот колега и вработен силно нѐ потресе. И покрај сите активности кои се преземаат за безбедност и здравје при работа, како што јавноста е веќе информирана, во несреќен случај загина еден од нашите вработени.

Истрагата за причините за несреќата покажа дека вработениот кој беше надзорник – бригадир и  чија задача е да ги координира активностите на 10-20 работници, за жал постапил спротивно на безбедносните процедури. Имено, работниците редовно вршат средување на локацијата на која работат, за што според безбедносните инструкции се користи скеле. Иако според описот на работните обврски надзорникот - бригадир не треба да ја извршува оваа активност, туку треба да ја координира групата, вработениот започнал со активноста, а наместо скеле одлучил да користи машина за подигнување. Поради својата тежина машината за подигнување ја пробила дрвената подлогата и паднала заедно со вработениот, како резултат на што тој се здоби со фатални повреди. Користењето на оваа машина не е во описот на работните задачи на надзорник – бригадир и тој не бил обучен да ја користи.

Вработениот имал лична заштитна опрема, предвидена со интерните правилници на компанијата и со Законот за безбедност и здравје при работа. 

Во постапката соработуваме со сите надлежни институции и ќе постапиме согласно нивните препораки. 

Сите работници задолжително носат соодветна опрема, а активностите се одвиваат согласно највисоките стандарди и процедури за безбедност при работа. Како голема и реномирана компанија Лимак има своивоспоставени практики во градежните операции. За да се спречат вакви немили настани, дополнително ќе ја зајакнеме контролата.

05.05.2023 - 18:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега