Масакрот во Белград ги разбуди домашните институции, објавија дека е вклучен црвениот аларм
Со електронска адреса домашните институции ќе спречуваат врсничко насилство. Министерот за образование, Јетон Шаќири, посочи дека е вклучен црвениот аларм кај институциите. Веќе наредните денови ќе има и други мерки, кои засега само се дискутираат.
„На моја иницијатива имаше дискусија со професори од сферата на психологијата и безбедносните науки. Имавме плодна дискусија. Денешните деца растат и живееме во поинакви средини од минатото. Не би сакал да избрзувам со детали од заклучоците – дали, како и кога ќе се имплементира. Следните денови ќе се вклучат и други установи. Има и работи што може веднаш да се воведат, на пример, граѓаните на една електронска адреса да пријавуваат врсничко насилство. Таа ќе биде веднаш активна, а ние ќе комуницираме со институциите. Имаме Просветен инспекторат, кој си ја врши работата, наставниците, педагозите – но, прва асоцијација за обраќање за помош и поддршка е МОН“, вели Шаќири.
Ова доаѓа по масакрот во Белград, во кој животите ги загубија девет лица, од кои осум се деца. Има и тешко повредени. Ова се случи во училиште во елитниот дел на главниот град на Србија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа