Шаќири свика состанок со експертите: Фокус - безбедноста во училиштата

 

 

По фрапантните случувања во Србија кои го потресоа целиот Балкан, министерот за образование, Јетон Шаќири свика состанок со експерите од областа. Според најавата на ресорното министерство главен фокус на истиот ќе биде безбедноста во училиштето и спречување насилство помеѓу младите.

„Денеска (5.5.2023 година) во 13:00 часот во просториите на Министерството за образование и наука, министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе оствари средба со повеќе претставници на академската и експертската заедница во чиј фокус ќе биде безбедноста во училиштата и спречувањето насилство помеѓу младите“, стои во соопштението на Министерството за образование и наука испратено до медиумите.

05.05.2023 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега