Врховен суд им ги одби барањата на осудените за „27 април“ за одново да се суди – остануваат во затвор
Врховниот суд донесе Пресуда за предметот „27 април“.
„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија на седницата одржана на ден 26.04.2023 година, продолжена на ден 03.05.2023 година, одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот познат во јавноста како „27 април“. Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда Квп.Кок2. Квп бр.14/22 со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК.бр.40/18 од 15.03.2019 година и на пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ.бр.39/19 од 12.02.2021 година, ги одби како неосновани“, велат од Врховен суд.
Претходно, Апелација им ги намали казните на осудените за 27 април.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа