Искршена новата спомен плоча кај Вејце

 

 

Искршена е новата плоча со имињата на осумте припадници на безбедносните сили, кои загинаа во маскарот кај Вејце.

Плочата на 28 април беше поставена од страна на политичката партија Левица.

Цвеќињата и свеќниците се уништени, како што може да се забележи на фотографијата објавена од оваа партија.

„Во 21 век кога светската цивилизација претендира да се колонизора на Марс, Албанците од Tетово преку вандализам и рушење на сé што е македонско се враќаат во камено доба. Имено, осквернавени се поставените плочи во чест на масакрираните бранители во Вејце од 2001 година, кои ги поставија лидерите на Левица, Апасиев и Крмов, но и другите присутни. Секоја година сликата е иста, а државниот врв е нем и глув на уринирањето врз историјата и државноста од страна на албанското малцинство кое дивее врз државата која ги храни и вдомила. Сите функционери целите кон Европа и Запад, а самите знаете дека со ваков „соживот“ не се оди никаде. Се сликате по медиуми и со претставници на европската заедница, а општеството ви е труло. Вечна им слава на македонските бранители, гробот вечно ќе им се знае, бидејќи не можете толку да искршите колку што ние може да поставиме“, велат од Левица.

На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27) Игор Костески (26) Миле Јаневски (30) Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).

МАКФАКС

02.05.2023 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега