Претежно облачно време со врнежи во вечерните часови

 

 

Времето денес ќе биде претежно облачно, во источните делови со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд.

Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Скопје претежно облачно, во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 19 степени.

Во среда и четврток ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, на места поинтензивен и проследен со грмежи и засилување на ветерот. Дневната температура ќе се намали. Од петок се очекува посончево и потопло време, со услови за локален краткотраен дожд во попладневните часови.

02.05.2023 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега