Македонските лекари ќе разменуваат искуства со лекари од Хрватска
Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска престојува во еднодневна работна посета во Загреб. Предвидено е министерот да оствари средби со својот хрватски колега Рајко Остојиќ на која ќе биде потпишан План за соработка меѓу двете министерства во областа на здравството и медицината за период од 2013 до 2016 година.
Со Планот се предвидува соработка во областите на јавното здравје и медицинските науки за кои постои заеднички интерес, како што се размена на информации, искуства и здравствени експерти заради обезбедување советодавни услуги при лекување пациенти, во областа на донирање и трансплантација на органи, на изработката на протоколи, упатства, водичи и стандарди, на програми за превенција и рано откривање карцином, обезбедување специјалистичко усовршување за доктори на медицина, стипендисти од Република Македонија во Република Хрватска, размена на информации за нова опрема, производи и технолошки достигнувања кои се однесуваат на медицината и здравјето, како и размена на информации и искуства во врска со активностите за пристапување на Република Македонија во Европската унија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа