Бочварски: Законските измени ќе овозможат побрзо градење на коридорите

 

Законските измени ќе ни овозможат повеќе работа на терен, побрза реализација на проектот во рокот што го побара Владата од компанијата Бехтел и Енка. И по сегашната законска легислатива овој проект може да продолжи да се реализира, но доколку сакаме тој да заврши во пократки рокови тогаш добро е да се влезе во корекција на законите за да може овој проект да се работи побрзо и секако граѓаните да имаат можност многу побрзо да ги користат овие автопатски делници, истакна министерот Благој Бочварски во интервју за МИА.

Осврнувајќи се на Законот за градење и Законот за урбанистичкопланирање, министерот Бочварски потенцира дека со измените само се намалуваат роковите за проектирање и изградба и се запазува сегашната регулатива на изготвување на проекти со сите фази и ревизија.

-Правиме постапка за проекти од стратешки национален интерес,каде што ќе бидат реализирани овие урбанистички проекти со пократки рокови, каде што институциите кои што даваат мислења мораат во пократки рокови да одговорат за да може да биде одобрен инфрастуктурниот проект. Кога станува збор за Законот за градење,таму велиме дека најпрвин мора да биде одобрен урбанистичкиот проект кој што ја утврдува трасата. Кога ќе биде одобрен појасот каде што ќе поминува идниот автопат тогаш проектантот и изведувачот можат да започнат со градба на пооделни делници односно фазно градење.Тоа значи дека имаат проект со ревизија, со сите статички документи и геомеханички испитувања, се што е потребно во делот на одобрувањето на проектот, но ќе почнат да го градат фазно. Кога ќе ја комплетираат целата делница со градење тогаш поднесуваат барање со проект за употреба. И тогаш се дава дозвола за употреба на тој автопат. Така што не се заобиколуваат процедурите, важно е дека наоѓаме модел со цел да овозможиме фазно да се гради секоја оделна делница со цел да заштедиме навреме, изјави Бочварски.

30.04.2023 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега