Јолевски за изјавата на Ристоска: Ако имало тргување со влијанија, требало да биде пријавено
Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски во изјава за медиумите истакна дека изјавата на јавниот обвинител Ленче Ристоска околу тоа дека Советот на јавни обвинители е извор на тргување со влијание и треба да се реформира е пратена до Етичкиот кодекс во Јавното обвинителство и по нивното произнесување, тие на посебна седница ќе донесат конкретна одлука. Тој потенцира дека ако имало тргување со влијанија, требало да ги пријавува со име и презиме и со конкретни докази.
-Меѓутоа, откако ја добивме изјавата, ние дискутиравме во однос на содржината на таа изјава, дали таа изјава соодветствува со она што е предвидено во Етичкиот кодекс на јавните обвинители. Заради тоа оценивме дека таа изјава треба да е пратено до Етичкиот совет во Јавното обвинителство за истите да се произнесат по однос на изјавата дали има одредени прекршувања на Кодексот од нејзина страна со давање на таква изјава и откако ќе го добиеме мислењето на Етичкиот совет ќе закажеме посебна седница на која ќе донесеме конкретна одлука. Советот не врши казнување, бидејќи нема во надлежност водење ниту на дисциплински постапки, ниту постапка за прекршување на Етичкиот кодекс. Ова е претходна фаза во која ние само го проверуваме тоа што таа го изјавила дали претставува прекршување на Етичкиот кодекс, бидејќи се спомнува Советот, тргување со влијанија и други нејзини изјави без конкретно наведување на одредени докази кој тоа го вршел, бидејќи ние не сакаме како Совет да бидеме во кош со сите останати. Ако имало такви членови, би требало да ги изнесе тие податоци. Паушалното изнесување може само да му штети на угледот и на Обвинителството и на обвинителите кои се избираат од овој Совет, рече Јолевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа