(ФОТО) „Плејбој“ со министерката Скјапа на насловната страница се распродаде за неполни три часа
За неполни три часа се распродаде француски „Плејбој“ поради тоа што министеркаа Марлен Скјапа се најде на насловната страница. На ниту една слика не е разголена, но сепак министерката предизвика бура од реакции бидејќи прифатила да позира за списание од ваков тип.
Таа дала интервју долго 12 страници.
„Во Франција вообичаено се продаваат околу 30.000 примероци на ‘Плејбој‘. Сега нарачавме печатење на дополнителни 60.000 примероци“, изјави директорот на списанието Жан-Кристоф Флорентин.
Министерката за социјална економија позира во бел фустан и зборува за феминизмот и женските права. Иако беше критикувана и од премиерката Елизабет Борн, Скјапа, која е мајка на две деца, ја бранеше својата одлука да се слика за „Плејбој“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа