Земјотрес од 6,5 степени во близина на островите Фиџи
Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран кај островите Фиџи во 6 часот и 31 минута, по локално време.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 576 километри и оддалечен 474 километри од градот Сува.
Не е издадено предупредување за цунами, пишува EMSC.
18.04.2023 - 10:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа