Полицијата напиша 47 казни за автобуси што превезуваат ученици
Осум возила кои превезувале ученици се испратени на вонреден технички преглед
Во акциска контрола на полицијата, вчера во период од три четири часа (12-16 часот) биле констатирани 47 сообраќајни прекршоци кај автобуси што превезуваат ученици.
Од МВР информираа дека изречени се казни за сите 47 автобуси, а осум возила биле упатени на вонреден технички преглед.
„Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови“, најавува МВР.
Од Министерството апелираат сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесат за зголемена безбедност на децата и на сите учесници во сообраќајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа