Меган има совршено оправдување да не дојде на крунисувањето на Чарлс
Кралски извор тврди дека кралот Чарлс e воодушевен што неговиот помлад син, принцот Хари доаѓа на неговото крунисување.
Палатата во средата потврди дека Хари ќе присуствува на крунисувањето на Чарлс Трети, но неговата сопруга Меган ќе остане во Калифорнија со нивните деца.
Ден потоа, британските весници пишуваат дека Меган имала совршен изговор да не дојде.
„Хари длабоко би жалел да не се појави на церемонијата. А роденденот на Арчи беше совршен изговор за Меган да остане дома и, ако се земе предвид сè, ова веројатно е вистинската одлука“, изјави за „Мирор“ извор близок до палатата.
Принцот Арчи ќе полни четири години на денот на крунисувањето на неговиот дедо Чарлс.
Според анонимни извори, Меган стравува дека Британците ќе ја исвиркуваат на крунисувањето.
Се чини дека нејзиното недоаѓање е вив-вин за двете страни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа