Арачиново: Никој не поднел барање за дозвола за градба, ама над 2.000 дивоградби чекаат легализација

 

Во 2021 година општино Арачиново не добила ниту едно барање за дозвола за градба, но над 2 000 објекти чекаат да бидат легализирани, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија.

-Во однос на постапката и начинот на издаване на одобрение за граденье во текот на 2021 година, ревизијата констатира дека Општина Арачиново нема издадено ниту едно одобрение за градене, а со тоа и нема остварено приходи по основ на надоместок за уредуване на градежно земіиште. Ваквата состоба не е во согласност со одредбите од членот 59 став 13 од Законот за градене, каде е регулирано дека одобрението за градене се издава во рок од 5 работни дена од доставуваето на доказ за платен надоместок за уредуване на градежно земіиште, се вели во ивештајот. Меѓутоа, Државната ревизија утврдила дека арачиновци дополнително бараат од општината да ги легализира нивните објекти.

-Во Општина Арачиново, согласно измените на Законот во рок се поднесени вкупно 2.331 баране за утврдуване на правен статус на бесправно изградени обекти, од кои 305 се решени позитивно, 92 барана се во постапка на решаване, за 212 барана донесени се заклучоци за прекин на постапка и 1.722 барана се одбиени поради нецелосно поднесена документациза, се вели во извештајот.

Од легализацијата Арачиново заработила само 34 000 евра

Државнта ревизија утврдила дека општина Арачиново успеала да заработи само 34 000 евра по основ на легализација на дивоградбите.

-Во текот на 2021 година, по основ на надомест за утврдуване на правен статус на бесправно изградени обекти, општината остварила приходи во износ од 34 000денари, што претставува 5,38% од планираните 623 000 денари, констатира ДЗР.

13.04.2023 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега