Герасимoвски: Славејќи го францускиот јазик ја зголемуваме културната различност и вредностите кои обединуваат

 

 

По повод одбележување на месецот на Франкофонијата, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски беше домаќин на завршниот настан садење на дрвја во Паркот на Франкофонијата.

На настанот присуствуваа амбасадорите на Франција Албанија, Бугарија, Франција, Грција, Романија и Швајцарија, министерот за надворешни работи Бујар Османи, почесни конзули на земјите франкофони, резидентни во Скопје, Канада и Белгија како и ученици од француските паралелки и Францускиот институт, директори на училишта родители и останати присутни.

„Ми претставува особено задоволство што денеска имам чест да го отворам овој настан токму од овде од Паркот на Франкофонијата кој сведочи за негување на француската култура во земјата. Мило ми е што сум меѓу толку многу луѓе, обожаватели на делата на Моне и јазикот на Молиер, кој и нас нè обединува во семејството на франкофонски земји“, истакна Герасимовски во своето обраќање.

Тој исто така потсети за проектите кои го негуваат францускиот јазик и култура кои Општина Центар ги организира во соработка со Францускиот институт.

„Францускиот јазик во Општина Центар ги обединува наставниците по француски јазик и учениците од основното училиште Димитар Миладинов кои организираат настани или француски натпревари, како и учениците од другите училишта кои учат француски јазик и преку него ја спознаваат француската култура и народ. Францускиот јазик од рана возраст го спознаваат и децата од од градинката „13 Ноември“ кои преку сликовници ја развиваат љубопитноста и интересот за изучување странски јазици“, истакна Герасимовски.

Притоа Герасимовски напомена дека Општина Центар ќе остане посветена да ја негува Франкофонијата преку едукативни настани и програми кои ќе го збогатат знаењето кај децата и ќе ја зголемат употребата на францускиот јазик. На настанот свои обраќања имаа и амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер и министерот за надворешни работи Бујар Османи кои заедно со Герасимовски засадија дрвја како симболика на соработката и негувањето на Франкофонијата.

31.03.2023 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа