Османи: Честитки за Финска и за сите НАТО сојузници

 

 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи испрати честитки за Финска и сите НАТО сојузници.

„Со вчерашната Ратификација на Протоколот за членство на Финска во Алијансата од страна на Парламентот на Турција се заокружи целиот процес на Ратификација со што Финска станува 31. земја – членка на НАТО. Во денешната сложена безбедносна архитектура на Континентот ова претставува еден од најзначајните чекори за единството на сојузниците, и за зајакнување на трансатлантската стабилност“, напиша Османи на Фејсбук.

Тој очекува  и апликацијата на Шведска да го заокружи овој процес.

„Република Северна Македонија останува силен поддржувачи на политиката на Отворени врати на НАТО како една од најуспешните политики на Алијансата и значаен влог во создавањето на новата безбедносна архитектура на Европа“, пишува Османи.

31.03.2023 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа