Вицепремиерот Маричиќ во работна посета на Шведска

 
 
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ од денеска е во дводневна официјална посета на Кралството Шведска, на покана на неговиот хомолог Росвал.
 
Маричиќ во Стокхолм покрај средбата со министерката за европски прашања Јесика Росвал, ќе има состанок и со нејзиниот државен секретар, Кристијан Даниелсон, со заменик претседавачката на Комитетот за ЕУ прашања во Риксдагот, Матилда Еркранс и пратеникот во Шведскиот парламент, Аднан Дибрани. 
 
Разговорите на средбите ќе бидат со фокус на
 

европската перспектива на Северна Македонија, актуелните домашни теми, реформите, текот на процесот на преговори со ЕУ, билатералните односи и развојната помош, како и приоритетите на шведското претседателство со Советот на ЕУ. 

 
Во рамки на посетата вицепремиерот за европски прашања ќе се сретне и со генералниот секретар на Меѓународниот институт за демократија и изборна помош, Кевин Касас-Замора и со Заменик генералниот директор и директор на Одделот за Јужна Америка и Европа на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), Лиза Фредриксон, информираат од Секретаријатот за европски прашања. 
 
Посетата Маричиќ ја реализира за време Шведското претседателство со Советот на Европската унија. 
30.03.2023 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа