Наумоф и Ивановски на средба со сопственик на италијанска ИТ компанија

 

Министрите за странски инвестиции и за информатичко општество и администрација Џери Наумоф и Иво Ивановски  денеска се сретнаа со сопственикот на  италијанската  компанија   Df Labs Дарио Форте.

- Предвидено е тие да се сретнат и со претставници на факултетите за информациски технологии со цел да се  развие вземна соработка и програма за практично обучување на студентите во оваа компанија.  Министерот Наумоф истакна дека  потенцијалот на човечкиот капитал во оваа дејност е голем, потенцирајќи дека Македонија располага со пет факултета за компјутерски науки и информатички технологии и тоа во Скопје, Штип, Битола, Охрид и Тетово кои нудат квалитетни високо образовани кадри кои можат сериозно и одговорно да одговорат на сите предизвици кои ги нуди оваа професија, се вели во соопштението.

На средбата било заклучено дека Македонија рапидно напредува во сите сфери на информациските и компјутерските технологии.

10.12.2013 - 11:30
Фото: 
вмро-дпмне.орг

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега