Училиште во Македонија две недели е без струја, поради неплатени сметки

 

Учениците следат настава во студено простории, поради неплатени сметки за струја во училиште во Мала Речица, пренесува ТВ21.

Новинарите додека снимале во училиштето за оваа проблематика, вработените им рекле да излезат од објектот, бидејќи според нив, немале право да снимаат.

Додека медиумската екипа разговарала со родителите, дошол и директорот на училиштето Назиф Ајдини, кој не им дал никакво објаснување пред камерата зошто нема струја, а учениците се обврзани да следат настава во ладни простории. Наместо одговор, тој им ја затворил вратата. 

29.03.2023 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега