Украина: Русија ја држи Белорусија како нуклеарен заложник
Русија ја зеде Белорусија за „нуклеарен заложник“, соопшти Украина откако претседателот Владимир Путин најави распоредување на „тактичко“ нуклеарно оружје на територијата на нејзиниот сојузник.
„Кремљ ја зеде Белорусија како нуклеарен заложник“, напиша на Твитер секретарот на Советот за безбедност на Украина, Олексеј Данилов, додавајќи дека оваа одлука е „чекор кон внатрешна дестабилизација на земјата“.
Најавата на рускиот претседател „го максимизира нивото на негативна перцепција и јавно отфрлање на Русија и Путин во белоруското општество“, додаде Данилов. Путин во саботата рече дека Москва ќе распореди „тактичко“ нуклеарно оружје на територијата на својот сојузник Белорусија.
Иако Белорусија не е директно вклучена во конфликтот во Украина, Москва ја искористи нејзината територија за да започне офанзива против Киев минатата година и да изврши напади, велат украинските власти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа