Душко Арсовски повеќе нема да биде владин портпарол
Премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на денешната прес-конференција во Владата соопшти дека на досегашниот владин портпарол Душко Арсовски денеска му завршува ангажманот, на негово барање.
Ковачевски упати благодарност до Арсовски за досегашната работа како портпарол на Владата и му посака успех во следниот президвик во неговата професионална кариера.
- Голема благодарност верувам дека ќе упатат и медиумите со кои што во текот на изминативе две и пол години комуницираше на врвно професионално ниво. Практично и тој беше дел од процесот во кој што Владата како институција беше оценета како најтранспарентна, односно 100 проценти транспарентност, рече Ковачевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа