Се плашеле дека ќе бидат каменувани - Бугари откажале екскурзија во Македонија

 

Бугарското национално радио (БНР) доби информацијата за откажана екскурзија во Македонија од група туристи од Ќустендил, само поради лошиот однос на Македонците кон Бугарите.

„Туристичкото друштво ‘Осогово’ – Ќустендил го откажа патувањето во Северна Македонија и Скопје поради тамошната ситуација и односот кон Бугарите, соопштиле пријавените во групата, пренесе радиото.

Информацијата ја потврдил и претседателот на друштвото, Христо Абаџиев, кој рекол дека на еден дел од групата им се вратени парите, а друг дел заминал на разгледување на Кремиковскиот манастир и знаменитостите кај Софија.

„Екскурзијата на туристичкото друштво беше откажана пред неколку дена по коментарите дека имало случаи на фрлање камења врз автобуси со бугарски туристи во Северна Македонија. До Крива Паланка се патувало мирно, но понатаму биле можни вакви инциденти. Нема официјални информации за таков однос кон бугарските туристи, коментарите се меѓу нашите туроператори. Ќустендилчани кои имаат блиски, пријатели, роднини во Северна Македонија велат дека односот кон Бугарите со двојно државјанство не е добар“, се вели во прилогот на БНР, пренесе порталот Експрес.

20.03.2023 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа