Мицкоски: Овој ден значи системска елиминација на еврејското население и е најцрниот ден за македонската историја
Денеска се навршуваат 80 години од ликвидирање на македонските Евреи во Треблинка, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на ФБ.
Во далечната 1943 година цели еврејски маала со своја традиција и култура во Скопје, Битола и Штип остануваат празни. Дури 98 проценти од еврејската популација, односно 7144 македонски Евреи од кои 1500 биле деца под 15 години се задушени во гасните комори на Треблинка.
Овој ден значи системска елиминација на еврејското население и е најцрниот и најтажниот ден за македонската историја и Македонија.
За стравотиите од ликвидирањето на македонските Евреи од страна на фашистичкиот окупатор кои на суров начин ги загубија своите животи има бројни докази, сведоштва за нивната голгота, траорни судбини.
Изразувам жалење за она на кое што била изложена Еврејската заедница во минатото. Македонија и македонските граѓани никогаш нема да ја заборават тагата и страдањата на овие семејства.
Никогаш да не се повтори ова злосторство и болно минато, пишува на својата Фејсбук страница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа