Игор со цребрална парализа: Јас не го добив лекот, иако е тука на клиниките

 

Игор Пехчевски кој боледува од церебрална парализа реагира од болничкиот кревет дека се уште не го добил лекот трикафта.

„Се до дека не го објавив Транспарентот од болничкиот кревет, никој не знаеше што е болеста Цистична фиброза, ни медиумите, ни Македонската јавност, а камо ли за лекот трикафта. А сега кога лекот е тука и на клиниките – ЈАС ЛЕКОТ НЕ ГО ДОБИВ. Ги прашувам надлежните: „Дали ние останатите ќе го добиеме лекот на врме, затоа што болеста секојдневно е непредвидлива и прогресивна“ вели Пехчевски.

Лекот трикафта за најкритичните пациенти со цистична фиброза пред неколку дена пристигна на Клиниката за детски болести и на Клиниката за пулмологија.

Од осумтемина пациенти за кои терапијата веќе е пристигната, седуммина се возрасни, над 18 години, и едно е дете. Директорката на Клиниката за детски болести, Стојка Нацева-Фуштиќ најави дека ќе направат напор многу бргу да се обезбеди терапија за уште четворица пациенти оти со пониската цена им останале пари од сегашната набавка.

10.03.2023 - 20:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега