Заврши судењето за 17-годишната тетовка осомничена за убиство - пресуда на 14 март

 

Во тетовскиот суд заврши судењето на 17-годишната осомничена за убиството на младиот човек од Ново Село, Желино, кој на 21 декември минатата година беше пронајден мртов во реката Пена.

Во судот беше донесена и обвинетата, каде поради возраста присуствувале и социјалните работници. Судското рочиште заврши со брза постапка, додека пресудата се очекува да биде изречена на 14 март.

Адвокатот на 17-годишната девојка, Ибрахим Бајрами вели дека не може да даде никакви детали без дозвола на судот.

„За да ја испочитувам вашата волја за следење на поголемиот дел од судските процеси кои се и во интерес на јавниот процес, имам обврска да ве информирам дека по наредба на судот но и по законот за деца од член 99, сите кои се присутни на судските постапки каде се третираат деца немаат право да дадат какви било информации за текот на судскиот процес“, вели Ибрахим Бајрами.

10.03.2023 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега