Земјотрес ја стресе Македонија

 

Земјотрес вечерва ја стресе Македонија. 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 09.03.2023 година регистрираше земјотрес 125 km југозападно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Битола-Лерин.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 21 часот и 59 минути со Рихтерова локална магнитуда M L 3.3 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Битола и околината.

09.03.2023 - 22:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега