Сотировски: Владиката Петар законски може да отвори телевизија, чекаме детали
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски, на прашањето да го коментира отворањето телевизија од страна на владиката Петар рече дека очекува тој набргу да ја запознае јавноста со деталите за влезот во медиумскиот бизнис.
„Во овој момент немаме детали каков концепт е запазен“, рече Сотировски.
За поздрав е, вели Сотировски, доколку правото се искористи онака како што е предвидено во нашата правна рамка, но треба да видиме.
„Сè немаме уште детали, очекувам субјектот што добил дозволи од Агенцијата за медиуми да излезе и да ја запознае јавноста затоа што во еден момент тој треба и да ѝ се обрати на јавноста, треба да емитува сигнал токму за јавноста“, рече Сотировски во одговор на новинарско прашање на настанот по повод формирањето на „Групата на пријателство“ помеѓу МПЦ-ОА и ИВЗ.
На барање од фирмата „Преобразба“, во сопственост на митрополитот преспанско-пелагониски Петар, чие световно име е Петар Каревски, Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги (АВМУ) даде дозвола за отворање телевизиски канал со претежно забавен општ формат, кој ќе зрачи во регионот на скопското подрачје.
Владиката Петар досега ги нема коментирано плановите за телевизијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа