Блок 3 попладево ќе биде исклучен од мрежа

 

Блок 3 на РЕК Битола попладнево ќе биде исклучен заради сервисни активности на опремата во постројката, информираат од АД ЕСМ во соопштение испратено до медиумите. 

„Блок 3 на РЕК Битола попладнево ќе биде исклучен заради сервисни активности на опремата во постројката. Интервенцијата се реализира во период кога временските услови и производствениот план на АД ЕСМ го дозвулаат тоа. Планирано е санацијата да заврши до недела, по што РЕК Битола ќе продолжи да работи со целиот свој капацитет“, се додава во соопштението од АД ЕСМ испратено до медиумите.

09.03.2023 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега