Лога: Контролата и санкциите кон судиите кои ја попречуваат правдата мора да се зголемат
Една од најитните мерки за враќање на правдата во земјава, според министерот за правда Кренар Лога е зголемување на висината на дисциплината, казните и разрешувањата на судиите.
-Тоа е она што мора да се направи и ќе има средби со судските и обвинителските совети и со главниот обвинител, но и со претседателот на судовите, оценува Лога.
Тој во интервју за Алсат-М вели дека на случаите кои имаат јавен сензибилитет треба да им се посвети потребното внимание за овие случаи да ја добијат заслужената казна. Говорејќи на оваа тема, тој спомна еден еклатантен случај како судиите-поротници имаат можност да ги саботираат процесите само со повлекување од функцијата и без да сносат никаква одговорност.
-Дури и јас ја споделувам загриженоста на јавноста од овој аспект. Еден од случаите кој е стар две недели, не е толку голем, е дека за судиите поротници кои се дел од правосудниот систем, нема санкционирачка мерка ако се повлечат или отидат и го направат овој преседан и случајот се повторува од почеток. Тие се ставени таму како судии поротници, немаат минимални средства за оваа работа, а ако некој има поголем интерес, може и да им дадат нешто, на финансиска смисла, да го одвлечат или застарат предметот и во овој случај ќе предложиме дури и судиите поротници да достават анкетен лист на имот за и тие да бидат предмет на овој систем и да има кривични мерки доколку го злоупотребат ова право, рече Лога.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа