Спасени четворица косовски државјани, заглавиле во снегот на Галичица

 

 

Во текот на вчерашниот ден во 19.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во националниот парк Галичица во снег има заглавени странски државјани.

Полициски службеници и екипи од Територијалната противпожарна единица Ресен и од стражарска служба Галичица излегле на терен и во 19.50 часот лицата биле пронајдени, извлечени од снегот и безбедно упатени до граничен премин Стење. Констатирано е дека се работи за четворица косовски државјани кои биле со патничко моторно возило “фолксваген пасат”со косовски регистарски ознаки.

04.03.2023 - 18:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега