Кумановска компанија пуштала во промет храна со поминат рок
Компанија и одговорното лице заработија кривични пријава бидејќи во промет пуштале храна со поминат рок.
Како што соопшти МВР, поднесена е кривична пријава против правно лице од с.Романовце, кумановско и против Б.М.(46) од Куманово, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и пуштање во промет штетни прехранбени и други продукти“.
-На 01.02.2023 на ул.,,Индустриска” во Куманово, Б.М. бил сопрен од полициски службеници и при извршен преглед му била пронајдена стока која била со поминат рок на употреба. Во содејство со Агенција за храна и ветеринарство извршена е контрола на нерегистриран магацин сопственост на второпријавеното правно лице и биле одземена стока со поминат рок на употреба, велат од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа