Авион на „Визер“ од Дортмунд за Охрид, принудно слета во Венеција
Авион на „Визер“, кој попладнево летал на релација Дортмунд – Охрид, над Хрватска го променил правецот и се насочил кон Венеција, пишува „Флајтрадар“.
Порталот, кој во реално време го следи воздушниот сообраќај, го пренесува пилотот кој рекол дека промената на курсот била неопходна, бидејќи на патник му била потребна итна медицинска помош.
Авионот, според „Флајтрадар“ го сменил правецот на границата меѓу Хрватска и БиХ и се упатил кон северна Италија.
02.03.2023 - 19:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа